Лицето кое е приведено во полициска станица по вчерашниот „Инцидент“ во абвтобус на ЈСП кога се заканувал со сечење глави и фрлање во киселина – имал историја со повеќе кривични дела,дознава Сител.

Тој пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

Снимката која била споделена на социјалните мрежи, наводно, била од пред 2 – 2 и пол месеци, а ЈСП прво треба даоткрие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот.

„Ние се уште не можеме да провериме што точно се случувало, како започнал инцидентот од видео-снимките одкамерите што снимаат во делови од автобусите со оглед на тоа што се уште не е утврдено точно во кој автобус сеслучил настанот. Целата ситуација ја отежнува тоа што никој од учесниците од настанот, ниту нашиот возач не пријавил за ваков настан, вели портпаролката на ЈСП-Скопје, Деспина Трајковска Димова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.