На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Град Скопје, Народниот правобранител отвори постапка против Комунална хигиена и Градот Скопје за директно загадување на животна средина и индиректно труење на граѓани, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За дивата депонија Вардариште, претходно советничката Светлана Колариќ во име на советничката група покрена иницијатива до Народниот правобранител за реакција и заштита на правата на граѓаните кои секојдневно се трујат преку непрописно исфрлање на смет и токсични материи од страна на градското претпријатие Комунална Хигиена. Народниот правобранител одлучи да покрене постапка против таквото дивеење на градските институции водени од Шилегов со кој се нарушува здравјето на граѓаните. Вардариште е дива депонија која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба, велат од Советничката група.
Од таму додаваат дека толерирањето и креирањето на депониите доведе и до вчерашната еколошка бомба во Шуто Оризари и Визбегово и пожарот со кој се загрозија жителите на овие места, но и целиот град Скопје. Додека Шилегов диши чист планински воздух во Маврово, градот Скопје се гуши во депонии создадени и толерирани од градот. Нема друг главен град во Светот каде самиот град создава депонии како што е случајот со Вардариште. Очекуваме Народниот правобранител да ги заштита правата на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.