Во Скопје денеска ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.
Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.
Поради одржување на Парадата на гордоста најавен е изменет сообраќаен режим во главниот град.
Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот, информираа од МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.