Градежните работници и денеска работат на местото на поранешото кафуле „Фонтана“ пред Трговскиот центар „Мавровка“. Металната тенда од времен карактер, која изгоре во пожар, сега е заменета со столбови широки еден метар кои се поставени на црвста бетонска подлога. Веќе е поставена и втората армирана плоча.
Но, глевната вест не е неуморното работење на мајсторите на летни температури и несоодветни услови.
Сопстевникот на објектот нема дозвола за градба. Ова го покажала инспекцијата на МВР на 2 јули. На градежните инспектори од Општина Чаир им требале 8 дена за да излезат и направат записник и решение да се сруши нелегалниот објект. Со оваа одлука од 10 јули, инвеститорот требаше да го отстрани објектот и тоа во рок од осум дена.
Меѓутоа, општина Чаир не знае кога сопственикот го примил решението и до кога има рок тој да го отстрани објектот.
Скопскиот градоначалник Петре Шулегов, пак, преку „Фејсбук“ информираше дека денеска, 21 јули, добил одговор од Инспецискиот совет за закажан инспекциски надзор на државниот и општинскиот градежен инспекторат.
Од Инспекцискиот совет, пак, велат дека надзорот треба да се направи во текот на оваа недела. Доколку инспекторот кој ќе биде определен од Чаир не излезе на терен Државниот инспекторат ќе определи временски рок за тој да постапи. Но доколку и тоа не се спроведе можно е одземање на ингеренциите на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.