Карпошовото културно лето кое беше уживање за сите скопјани затаи. Препознатливата манифестација која некогаш траеше цел месец и имаше разни содржини за сите генерации, од година во година го губи сјајот.
Токму поради ова, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, заедно со сите уметници кои се приклучија на повикот за учество, решија да направат културна манифестација наречена Карпошово културно востание, кое ќе понуди богата програма за сите и ќе ја потсети локалната власт дека не треба и не смее да ги заборави граѓаните и уметниците.
-Карпошово културно лето е една манифестација која стана бренд. Порано 30 дена имаше настани и содржини, а сега ја сведоа на 1 ден со бледи 2-3 содржини. Сакавме да направиме нешто со што ќе го вратиме сјајот и културата и содржините кои карпошани, па и сите граѓани ги бараат, па затоа го организиравме Карпошово културно востание. Направивме повик пред 10 дена за сите обесправени, запоставени и отфрлени уметници и од локалната и од централната власт, да се приклучат на повикот и на тој начин да дадеме им дадеме простор и на наше задоволство одзивот беше огромен, вели Тони Јаревски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош за КУРИР.
На „Карпошово културно востание“ ќе може да се последат треисеттина настани кои ќе бидат интересни за сите генерации.
-Веќе имаме 30-тина дена исполнети со настани. Започнуваме со стенд ап комедија, ќе има промоција на книга, промоција на филм, монодрами, предавање и трибини за културното наследство, неколку концерти… широк спектар на настани за скопјани во летните месци да имаат една понуда со која ќе може да се гордееме. Секоја недела ќе има барем по еден настан, се надеваме на широка прифатеност и голем интерес како и до сега, додава Јаревски.
Отворањето е утре во 20:30 часот во Амфитеатарот на Кејот на Вардар во Карпош 4. Влезот е бесплатен, а присуството на сите е добродојдено и посакувано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.