Од новите 136 дијагностицирани со коронавирус од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број, 80 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.667, случаи, а активни се 1.785.
Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи на Ковид-19 има во Чаир – 413, следат Гази Баба со 149 случаи, Сарај со 141, Бутел со 136 случаи, Аеродром со 135 случаи, Центар со 127 случај, Карпош со 124 случаи и Кисела Вода со 101 случај.
Активни случаи има и во Студеничани – 89, Ѓорче Петров – 83, Шуто Оризари – 72, Арачиново – 49, Илинден – 33, Петровец – 16, Чучер Сандево – 16, Сопиште – 12, Зелениково – 2, тројца странци и тројца нераспределени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.