По неколку години апели на граѓаните, улицата „31“ во Волково конечно беше асфалтирана. Но, како „декор“, улицата доби и надгробна плоча слеана со асфалтот.
Жителите на Ѓорче Петров велат, веќе ништо не ги чуди, а на градоначалникот Александар Наумоски му порачаа да се освести.
Три години ќе намолиш за тампон на уличка од стотина метри, едвај ќе стават и го добиваш ова. НАДГРОБНА ПЛОЧА.
Улица 31, Волково.
Останува нејасно зошто е ставена ?
Веројатно како споменик за нашите желби за нормални услови за живот.
Кој ја ставил ?
Чија е оваа плоча ?
Ги контролира ли некој работниците ?
Кој ќе понесе одговорност ?Александар Наумоски и општина Ѓорче Петров освестете се!
Излезете од канцелариите и видете со што се соочуваат луѓето.Одамна го поминавме стадиумот на смешно, веќе е морбидно, велат ѓорчепетровци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.