Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Центар изврши увид во 5-та фаза од градежните работи на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало која треба да стане првата смарт зона, со смарт паркинг и паметно осветлување.
Ме радува што општина Центар ќе стане прватата општина која искористувајќи ги новите технолошки решенија на граѓаните ќе им понуди подобри решенија за паркирање кое овде поради големата фреквенција на возила е навистина голем проблем. Денеска во овој дел на улицата се спуштаат електрични кабли, потоа ќе се поставува нова атмосферска канализација во должина од еден километар и нов пампон и асфалт со должина од 8345 метри вклучувајќи ги и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Исто така ќе се обележуваат новите пешачки патеки и ќе се вадат старите бандери кои ќе бидат заменети со нови канделабри и ЛЕД светилки, изјави Герасимовски.
Герасимовски појасни дека преку новите смарт решенија, смарт паркинг и паметно осветлување граѓаните преку мобилна апликација ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат, додека паметното осветлување ќе се зголемува или намалува според движењето на самата улица. Така ќе се намали и годишната потрошувачка на електрична енергија за најмалку 60%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.