Од граѓанското здружение „На точак“ испратија пофалби до Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за проактивноста во подобрување на условите за велосипедскиот транспорт на општинските улици.

Тие споделија фотографија oд ул. „Христо Татарчев“, која е втора која доби велосипедска лента во Кисела Вода вo последната година, и како што велат, општо во целото постоење на Општината, втора патна диета во која се одзема ширина од коловозните ленти и дивиот паркинг на автомобили и прва двонасочна велосипедска лента.

И им порачуваме на останатите градоначалници да го следат храбриот пример и во најмала рака да ги исполнат своите предизборни ветувања. Нели поубаво изгледа вака улицата? Заличува на пристојно место за живеење.
Замислете колку поубаво ќе беше ако ги немаше дивопаркираните автомобили на јавниот простор – тротоари за пешаци.
Ајде да им го вратиме градот на луѓето!
И ајде да се повозиме по новата двонасочна вело лента, порачаа од „На точак“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.