Владата секојдевно бара од граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките. Се бара да се остане дома и да нема масовни собирања. Но, тоа како да не важи за сите, посебно не за оние од власта.Еден од нив е и директорот на Зоолошка градина Ѓорги Галетановски.

Популарниот Чомбе на Фејсбук се пофали дека за него не важи полицискиот час. На фотографиите се гледа како тој со поголемо друштво на тераса го чека доаѓањето на Велигден. Тие напикани еден до друг не ги почитуваат препораките за растојание меѓу нив, а згора на тоа и се фалат на социјалните мрежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.