Советночката во општина Центар Антоанета Трајковска се сомнева дека парите што ги добива општината од турската градежна компанија „Лимак“ поради доцнење со градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на Јужен булевар се слеваат во нечиј џеб и не се трошат за доброто на граѓаните на Центар.
„Лимак“ месечно ѝ исплаќа на Општина Центар неверојатни 80.000 евра. Досега во Општината се влезени над еден милион евра по основ на пенали со оглед дека во Општина Центар ништо не се работи, а градоначалникот Богдановиќ се фали со проектите на Шилегов, сакаме да го прашаме зa што ги троши парите, вели таа.
Трајковска потсети дека со еден милион евра Богдановиќ можел да купи таблети на учениците од Центар, да почне изградбата на ветената градинка или пак монтажниот паркинг во Дебар Маало, кулата за прочистување на воздухот, гасификацијата, зградите со вертикалното зеленило, депо за хаварисани возила, како и реновирање на сите урбани заедници во општината.
Овие работи Богдановиќ ги вети и ништо не исполни, ниту пак е на почеток на нивна реализација. Ама, затоа Општина Центар ја направи втора по вработеност на ниво на Град Скопје, прави партизација на основните училишта, прави партизација на Паркинзи Центар. А, парите кои ги добива од „Лимак“ никој не знае за што и како ги троши, обвини таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.