Кандидативе за градоначалници на СДС Ваксерска, исти ко вакцините – не работат, коментира актерот Сашо Тасевски.

Оној на Аеродром работеше додуша од старт, ама за себе. Па еве сега ќе го менуваат со друг, кој на првиот ТВ настап покажа дека не може да заврши реченица, а не општина да води од 120 илјади жители. Живеев во Аеродром 25 години па ми значи, вели Тасевски, коментирајќи го гостувањето во „Утрински брифинг“ на Александар Филиповски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром.

Тасевски, кој сега живее во Тафталиџе, го коментираше и досегашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, кој исто така нема да трча по втор мандат во неговата општина.

Имаат и друг кандидат за Карпош, пошо нивниот досегашен го утепа мрзата. А бе со прст не мрдна четири години. Прав домазет во општината. Само овој ни слика имаше ни тон. Не го видовме по улици. Не можевме да го најдеме за проблем. Сега живеам во Карпош, Тафталиџе. Затоа ми значи.
Ко се досетлив во Тафталиџе, во 2012, не беше вака. Тогаш се скршила клупа, протекол кровот на летниковецот, фасада се одронила, ќе се јави комшија за пет минути ќе дојдат од општина и тоа се санираше истиот ден. Било каков проблем или предлог тогашниот градоначалник ќе те примеше. На овој сегашниот очи не му видовме. Стопати се јавуваме од зграда за да смени три клупи уште во 2018 година, сега дури ги смени, летово. Пред избори. Лепота. За ретардирани не сметате.
Не знам кој што правел и на кого што му местат, ама пред 10 години, Карпош функционираше.
Е после дојде СДСМ со свој градоначалник и општината стана погребално претпријатие Длабок сон.
Таа партија има таква карма. Што фати да погребе. СДСМ ем Погребална, ем Ваксерска. А она што ќе погребе, не го откопуе ни Индијана Џонс
Искрено се надевам дека ќе го загубат Скопје и поголемите општини.
Убивањето на градот во кој сум роден и живеам мора да запре, порача Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.