На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се уште стои ненпоправена дупката направена од комунално камионче кое пропадна во подната фонтана.
Околу две недели по инцидентот, дупката останува отворена и претставува сериозна опасност за повреда на некој од граѓаните што се движат по плоштадот.
За неажурноста на надлежните на сцоијалните мрежи реагира и новинарот Огнен Чанчаревиќ
Дупкава две недели си стои… Плоштад во центарот на главниот град. Чекате тендер или комисија?
Ајде легнаа 1,4 милиони од Обновителите потрошете 100 евра, пошто ако Вам не ви е срам, нам ни е срам – реагира Чанчаревиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.