Снег нема, ама Петре го чисти. И тоа поготвен, четири години по ред. По тој повод, Петре објави илустриран статус, со камиончиња, човечиња, црни точки, бели точки, срценца… и на крај го избриша.

И тоа се случува кога ќе се отрезни човек од мавровскиот воздух.

Наместо статусот за снегот, на неговиот профил сега има статус за диносауруси.

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат за неверојатниот свет на диносаурусите и да се сретнат очи во очи со застрашувачкиот T-Rex, големиот но мирољубив Трицератопс и многу други!
Конечно и кај нас, наскоро отворање на новиот Дино Парк во Зоолошката Градина во Скопје!
Бидете подготвени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.