Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ, во кои нема повредени, туку причинета е само материјална штета, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица

Инаку, пожари предизвикани од запалени контејнери имало на „Партизанска“ во Општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во Ѓорче Петров, на „Вуковарска“ во Чаир и на „Јани Лукровски“ во Автокоманда. Штетата од изгорените контејнери се проценува на околу 60.000 денари.

На улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода, пак, регистриран е пожар предизвикан од оџак. Поради електрична бандера се интервенирало и во село Глумово, Општина Сарај. Пожар имало и на „Радишанска“ во Општина Бутел, каде горела сува трева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.