Пред ТЦ ,,Мавровка“ се гради нов цврст објект со арматура и бетон на местото на ресторанот што неодамнаа изгоре до темел.
Откако угостителските објекти добија „тераси“ неколкупати поголеми од основните дуќани, исто така заградени со цврсти материјали и покриви, сега тие очигледно се надоградуваааат и проширувааат.
На ова денеска реагираа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје од каде се сомневаат дека од запалениот кафич, веројатно се земале пари од осигурување и сега се гради поголем објект.
Ваква мафија владее со дозвола на власта, Шилегов, Вицевци и Заеви. Закони не важат, ништо не важи!, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.