На местото каде пред неколку дена изгореа бараките на скопското јавно претпријатие Улици и Патишта, во непосредна близина на трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје, предвидена е изградба на станбена зграда.

Според податоците што ги обезбеди Фокус, на таа локација е вцртана маркица за изградба на шесткатна зграда со намена А2, со што, според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, се означува „домување во станбени згради.

Tоа е предвидено со Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, кој потоа беше замрзнат, односно ставен под мораториум од страна на Советот на Општина Центар, додека градоначалник беше Саша Богдановиќ.

Извор: Фокус.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.