Во градската четврт Ј11 во општина Кисела Вода, на простор каде што сега има зеленило, треба да се гради градинка, а веднаш до неа зграда на осум ката.
Граѓаните на општината реагираат дека тој дел од општината е најзапоставен и има огромен сообраќаен и комунален хаос и дека со изградбата на новата зграда тоа многукратно ќе се зголеми.
Затоа тие реагираат до градоначланикот Филип темелковски и до општината да ја повлечат идејата за изградба на зградата затоа што тоа е во спротивност на желбите и потребите на луѓето што живеат во тој дел од главниот град.
Го гледам новиот предлог Детален урбанистички план на Општина Кисела Вода и се чудам…
Има многу „лудории“, но ќе се задржам на една од нив…
🔲Градска четврт Ј11 Општина Кисела Вода.
Замислете, на ЕДИНСТВЕНОТО зеленило во овој дел од опшината се предвидени две градби. (државно земјиште)
Едната е градинка на 2 спрата (што во овој случај и не е проблем, бидејќи верувам ќе изгледа убаво и ќе биде од корист на сите жители.) Но, за да не остане само на тоа, веднаш до неа е предвидена зграда од 8 спрата (на само 7-8м од соседната зграда )❗️
Можам да кажам дека и до сега овој дел од општината е најзапоставен и живееме во сообраќаен и комунален хаос. (не сакам да замислам што ќе биде ако ова сѐ реализира).
Него сакам да ги прашам одговорните од Општина Кисела Вода:
Па добро бе, како ви текнуваат вакви работи❓Од кај дојдовте❓Кај живеете вие❓Имате ли деца❓Нели Ви е кеиф да ги прошетате надвор❓Дишете ли и вие воздух❓Или многу пари се во игра па замижавте❓Читам Градоначалникот Филип Темелковски и советниците се обврзале дека ќе се грижат за зеленилото и ќе ја почитуваат волјата на граѓаните.
Епа ова не е волјата на граѓаните❗️
#ЏабеВиЕНемаДаВиПомине
#НееОваНаТаткови – стои во реакцијата на граѓаните на Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.