Од иницијативата „О2“ која се бори за чиста животна средина реагираат дека додека грижата за животна средина на власта и една од нејзините мерки за справување со загадувањето се сведува на броење посадени дрвца, ситуацијата на терен ја покажува вистинската слика на нивната негрижа.

Од иницијативата го посочуваат примерот од населба Александрија, општина Ѓорче Петров, каде што становите од новоизградените згради ги продаваат со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат ради проектирана улица според нов ДУП.

Од иницијативата објавуваат серија фотографии на кои се гледа нов засаден дрворед, кој делумно веќе е испогазен при налетот на градежните машини.

Додека грижата за животна средина и една од „мерките“ за справување со загадувањето ја сведуваат на толку и толку посадени дрвца, ситуацијата на терен ни ја покажува вистинската слика на нивната „грижа“.

 

Ова е населба Александрија, општина Ѓорче Петров, додека ги продаваат становите со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирана улица според нов ДУП.

 

На сликите се гледа нов засаден дрворед, кој дел веќе е испогазен при налетот на градежните машини. Важно имаме еден куп спонзорирани постови како нашите локални власти се потепаа од садење, само што во равенката никако да им текне да ги одземат сите оние стари и здрави дрвја паднати под налетот на пилатареагираат од иницијативата „О2“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.