Актерот Рубенс Муратовски реагира на состојбата со ѓубрето пред ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Тој вчера објави снимки на кои се гледа ѓубрето околу дворот на училиштето и повика да се дислоцираат контејнерите

Веројатно не треба да потенцирам дека ѓубрето и отпадот кој е на самата ограда и пред вратата за влез во дворот на школото НЕ Е од учениците туку од продавниците околу а богами и од комшиите. Е па комшии, овие сељачки манири и некултура во вашите домови можете да си ги практикувате. Овде не. Пред школски двор.

 

Ја повикувам Општина Кисела Вода, и одговорните таму да реагираат. Казни за фрлачиве на ѓубре, и под итно да ги тргне контејнерите од тука. Повторувам, овој отпад не е од учениците и школото туку од говеда некултурни, напиша Муратовски.

Но, денес, состојбата е непроменета. Во ново видео објавено на „Фејсбук“, актерот вели:

Сеуште исто. Разбирам. Ова е рокет сајанс да се тргне. И не, нема да престанам додека контејнерите не се тргнат од тука, пишува Муратовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.