Нецели два месеца откако беше поставен легнат полицаец во скопската населба Горно Лисиче, денеска на социјалните мрежи се појавија фотографии дека е искршен. Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека веднаш е реагирано од страна на екипите на терен и проблемот е саниран.
Само неколку дена откако ја преземав градоначалничката функција поставивме „легнати полицајци“ во Горно Лисиче. Безбедноста во сообраќајот претставува наш императив, па затоа се одлучивме на ваквиот чекор. Но само по неколку недели, утрово можевме да забележиме дека истиот тој легнат полицаец е скршен. Нашите екипи на терен експресно брзо реагираа и веднаш го санираа овој проблем. Во последниот период сведоци сме на вандализам врз општинските добра низ целата територија на Општина Аеродром, за што се сомневаме дека ова има некаква позадина со цел да наштети на општинската власт. Би сакале да ги известиме локалните жители дека опремата за проектите е под гаранција и веќе е санирана. Но, за истата штета да не се повтори јавно го прашуваме МВР. Зошто МВР не реагира на забраната за движење на тешките товарни возила кои движат во тој реон на Горно Лисиче и дозволува да се уништуваат коловозите и урбаната опрема? Со безбедноста не смее да има компромис!“, напиша Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.