Грижата за животната средина се стекнува од најмали нозе. Сите заедно треба да работиме за една поубава животна средина, средина која ќе им даде безгрижно чувство на нашите најмили, средина за правилен развој, вели градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.
За таа цел вчера во сите 11 градинки на територијата на Општина Аеродром се одржа еколошка акција во соработка со општествено-одговорната компанија „Цветан Димов“. Во градинките засадивме овошни дрвца, а истата акција планираме да продолжи и во иднина.
Нашата цел како општина е да инвестираме во нашите најмили и нашата иднина бидејќи тие се нашето најголемо богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.