Со промените кои доаѓаат од 17-ти октомври, гарантираме дека општина Аеродром ќе биде општина без корупција, општина којашто ќе биде современа и дигитализирана, рече денеска Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од нашите клучни фокуси е проект наречен СМАРТ Аеродром. Во рамките на тој проект примарно гарантираме дигитализирање на сите услуги кои ги обезбедува општината. Предвидуваме создавање на нов проект преку апликација наречена „Смарт Аеродром“, така сите граѓани ќе можат своите проблеми да ги решаваат и пријавуваат преку лесна апликација.

Исто така општината ќе има нов Хаб за деловни активности, место каде што  млади претприемачи ќе може да добиваат и финансиска и институционална поддршка за развој  на своите деловни идеи.

Овој проект опфаќа и многу голем број на активности, како што е создавање на нов систем на Паметно осветлување ширум општината.Нови интернет зони со бесплатен пристап за сите наши граѓани.

Целта е да имаме современа општина, општина којашто природно припаѓа на 21-от век.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.