Стоп за вандализмот – да ги чуваме јавните површини во Општина Аеродром
👉 Драги Аеродромци, со преземањето на локалната власт во Општина Аеродром започнавме и со редовно одржување на јавните површини. По барање на локалните жители во населбата Мичурин извршивме итна санација на спортско игралиште кое беше вандализирано.
✔️Инвестирањето во доброто на сите граѓани во општината е од наши, пари на сите нас и затоа во заеднички интерес е да ги користиме средствата за развој од кои придобивки ќе видиме сите ние, сите аеродромци!
🛠 Општина Аеродром ќе продолжи редовно да ги одржува јавните површини, но воедно апелирам за одговорност и чување на истите бидејќи Аеродром ни припаѓа на сите нас, напиша на Фејсбук, градоначалникот на општината Аеродром, Тимчо Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.