Во текот на вчерашниот ден при вонреден надзор од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, службите на комунална хигиена на Град Скопје спроведоа чистење на контејнерите на една од најфреквентните раскрсници во Општина Аеродром, информира градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Досегашното работење на комуналните служби на Град Скопје дефинитивно беше неконтролирано и речиси никакво, а тоа под истиот директор продолжува со несовесна работа.

 

Градот Скопје заслужува да биде чист и среден, што се заложби на новата градоначалничка, како и што доликува. Овие слики ќе станат минато во Аеродром!

 

Граѓаните на Општина Аеродром, со новото раководство на градот, можат да бидат спокојни дека ваквите проблеми во најкраток рок ќе се надминат со системски решенија! – порачува Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.