Денеска остварив средба со хуманитарецот Ali Fevzi, иницијатор и учесник во голем број на хуманитарни акции, информираше Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил.
Тој е еден од ретките кои од сопствениот домашен буџет издвојува средства за да им помага на сиромашните. Неговата дејност се однесува на широка категорија на граѓани, помош на самохрани мајки, фамилии со повеќе деца и други луѓе на кои помошта им е најмногу потребна.
Како градоначалник на Општина Аеродром сметам дека соработката со вакви личности кои секојдневно вршат општо добро и помагаат на оние кои им е потребно треба да се интензивира. Токму затоа со Февзи се заложивме за константна соработка и помош во неговите активности.
Февзи е еден од многуте дискретни херои кои вршат општо добро и затоа Општина Аеродром стои целосно зад ваквите луѓе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.