Кандидатот за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, најави дека има проект со кој популарната „Дупка“ во Ново Лисиче ќе биде претворена во спортски центар.

Планираме сали за кино и театар, фитнес центар со најнова опрема и нови спортски содржини во „Спортскиот центар Ново Лисиче“.

 

На овој начин, жителите ќе добијат современо и модерно место за спортски, но и за културни настани.

 

💪 Време е за промени и модернизација. Време е да создадеме нова иднина! – порачува Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.