Во мојата канцеларија лично се запознав со неколку спортисти од Општина Аеродром на кои им доделив благодарници за придонес и постигнување на значајни спортски успеси во регионални и светски рамки. Од своите најрани години, со својата желба, труд и посветеност во спортовите во кои се натпреваруваат, тие имаат прераснато во докажани професионалци кои зад себе имаат голем број на успеси. Сигурен сум дека и во годините кои доаѓаат им претстои блескава кариера исполнета со многу нови успеси – посочи градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
Тој посочува дека Аеродром ќе помага на сите млади спортисти.
Пред нив ја истакнав мојата заложба дека Општина Аеродром ќе излегува во пресрет и ќе помага на сите млади спортисти – без разлика дали станува збор за финансиска или друг вид на помош каде нашата општина има ингеренции. Токму поради тоа, планирано е од почетокот на новата година да се распише јавен конкурс преку кој на спортистите ќе може да им се помогне за сите свои барања и потреби.
Како локална власт ќе инвестираме во спортот и спортската инфраструктура, а сите индивидуи секогаш ќе можат да сметаат на поддршка од Општина Аеродром. Ќе ги вложиме сите напори за ниту еден мотивиран и посветен спортист да не биде оневозможен во вршењето на своите активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.