Пред 5 до 7 години Аеродром важеше за една од најчистите и најзелените општини. Јас бев во Љубљана се сретнав со министерот за животна средина на Словенија тој вети помош во обезбедување на европски фондови и искуства кои може да ги искористиме. Мора да обезбедиме и нови зелени површини, но важно е и одржување на постоечките бидејќи истите не беа одржувани, рече Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија Канал 5.
Според него треба промена и на фасади и кровори, и да им се дадат субвенции за инвертери на граѓаните.
Муцунски рече дека дента во средата кога тој бил во Љубљана имаше непримерно однесување на митинг на СДСМ во општина Аеродром на кој лидерот Христијан Мицкоски, данела Арсовска и тој биле неавредени.
Тоа недолично однесување некој може да го направи кон вашата сопруга. Ве повикувам да се оградите од таквото однесување на Заев. Време е да излеземе од партиската матрица, јас во кампањата не зборувам за вас, а вие тоа го правите. Мојата кампања е афирмативна со промоција на проекти за граѓаните“, рече Муцунски обраќајќи се на кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски кој не се извини за однесувањето на Заев.
За дивите депонии, Муцунски рече дека се голем проблем и за да бидат решени мора да има меѓуопштинска соработка.
Вардариште не е на територија на Аеродром, но за да се реши мора да има соработка со останатите општини. Но, потребни се и зелени површини, затоа ветувам минимум 100 илјади метри квадратни нова зелена површина“, кажа Муцунски.
Муцунски информираше дека планирани се 10 илјади метри квадратни зелена површина позади Џеваир, неколку паркови од 5 илјади метри квадратни, зелен коридор ширум општината, проширување на кејот во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.