🌳 Во рамки на GEFF програмата заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, евроамбасадорот Дејвид Гир и австрискиот амбасадор Георг Вуцас засадивме дрва во паркот на „последна 5-ка“ во Општина Аеродром. Со ова го означивме успехот на GEFF програмата која како приоритет го става чистиот воздух и чистата животна средина.
🌱 Силната соработка меѓу локалните партнерски финансиски институции на ЕБОР и локалните продавачи придонесе за успехот на оваа програма. Програмата за зелена економија за Западен Балкан е основана од Европската банка за обнова и развој, е ко-финансирана од ЕУ, Австриското Федерално Министерство за финансии и билатералните донатори на инвестициската рамка за Западен Балкан.
♻️ Зелените политики се приоритет за нас како локална власт. Општина Аеродром секогаш ќе ги поддржува ваквите настани кои имаат цел зачувување на нашата животна средина. Само преку заедничка работа може да ја кренеме колективната свест за значењето на екологијата во нашиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.