По четири години застој, време е за зелен, чист и безбеден Аеродром. Време е за нова енергија, време е сите да се обединиме, бидејќи Аеродром е наш и ни припаѓа на сите нас, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром, Тимчо Муцунски.
Ги знаеме проблемите, од вас слушнавме што ви треба и затоа влегуваме со програма која, пред се, опфаќа изградба на четири нови градинки, нова гимназија, реконструкција на сите основни училишта, бесплатен таблет за секое дете. Нула денари дополнителен трошок за секое дете во градинка и во основно училиште. Општина Аеродром ќе добие 3.000 нови паркинг места, истакна Муцунски.
Кандидатот за градоначалник вети 100.000 метри квадратни зелена површина.
Проектите кои тој им ги вети, а се со големо значење за аеродромци, слушнете ги во продолжемие:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.