Режисерот Димитар Оровчанец е советник во Општина Карпош од редовите на Нова Алтернатива, коалициски партнер на СДСМ. Воедно, Димитар Оровчанец е кандидат за советник за Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ, открива МКД.мк. Додаваат дека завчера Оровчанец учествувал во работата на Советот на Карпош и гласал, а исто така, Оровчанец имал партиски активности во Кисела Вода како кандидат за советник во таа општина. Како е тоа можно?, прашува МКД.мк.
Според Изборниот законик, Оровчанец како кандидат на изборите за советник го исполнува условот да е жител на Град Скопје, како и условите да е полнолетен (има 43 години, н.з.), деловно способен и државјанин на Македонија.
Истите услови ги исполнил кога станал советник во Карпош.
Но има и уште еден битен услов, покрај другите наведени, Оровчанец треба да е жител на општината во која се кандидирал, односно треба да е жител на Кисела Вода.
Истиот услов на Оровчанец, ако е истиот човек, му е потребен за да биде во моментов советник во Општина Карпош, односно, законот вели дека треба да е жител на Карпош.
Прашањето е сега, дали е Оровчанец жител на Кисела Вода? Ако е, тогаш е легитимен кандидат за советник.
Целата сторија на МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.