Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ цел ден се објаснува зошто и со кого седел во хотелски ресторан во Дебар Маало во полициски час. Седењето во хотелскиот ресторан со друштво, за градоначалникот Саша Богдановиќ е законско.
Имав пријатели од Белград, а таму имаме и кошаркар од Работнички. Бидејќи не можев да го видам последниве 2-3 дена, поради некои работи, се договоривме да отидам, да си ја резервирам собата, поминав време со нив до кај 9:30/10:00 и потоа секој си отиде во соба. Дојде Пазарна инспекција, ме затекна во соба и тоа е тоа. Немам кај да ги носам гостиве, дојдени се на еден ден, не можам да ги носам дома, не работи ништо, затоа отидов со нив, вели Богдановиќ за „А1он“.
Тој вели дека изнајмил соба, се сместил и преспал оти немал друг начин како да угости пријатели од Србија, кои биле дојдени на гости, а не можел да ги однесе дома.
Не го изигруваме протоколот. Протоколот е за гости во хотел. Ние сме гости. Јас завршив со работа во 18:30/19:00, а за саат време не можевме да се видиме. Викам, подобро ќе одам ќе резервирам и за вас и за мене, ќе си преноќиме, сабајле ќе ве испратам и тоа е тоа. Се видов и со кошаркарот за тоа што се треба околу тренирањето, тоа беше целта и намерата. Јас имам дозвола за движење во полициски час, а гостите немаат. Претходно бев на работа, додава Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.