Новинарот Ивор Мицковски, кој поради критики кон власта ја загуби работата во ТВ Телма, реагира на поздравот што му го упати градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Градскиот татко после прашање поставено од ТВ Телма околу украсувањето на Градот кое по 10-ти пат го добива фирмата Линк Медиа Плус, и тоа оваа година за највисока сума од 285 илјади евра, уште на неспуштени камери завршува со фразата: Поздравете го Ивор Мицковски.

Сега знам дека знае дека бев избркан од Телма, што пак со неговата изјава само се издава малициозноста на ликот и неговата бахатост.

Демек, му ебавме мајката, поздравете го вие од Телма. Мене ми е драго што некој колега поставил добро прашање, можеби и мотивирано од мојот вчерашен коментар, што вака го извадило од патики.

Ама како што јас знам која му е мислата и намерата, така треба да знае дека добар дел од јавноста знае зошто бев избркан, по чија нарачка и волја и се останато.

Така да, нискоста нема крај кај одредени личности, кои само дополнително си се издаваат и вака лесно се кршат пред критиката на една индивидуа или новинарско прашање.
Мене лично ми е мило што сум им влегол во глава, помило ќе ми беше ако тоа што го зборам и што други го зборат, евентуално им влезе во глава.

Мислам дека е прекасно.

Поздрав примен и срдечно возвратен…, пишува Мицковски во одговорот на поздравот од Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.