Мрзеливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, повикува Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша.
Ветуваа стоп за бетонизација, ронеше крокодилски солзи во опозиција, а сега молчи за високактниците кај Холидеј Ин.
Нели СДСМ и мрзеливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина?
Дали мрзеливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против?
Кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?
Доколку мрзеливиот Шилегов е за изградба на висококатниците чесно е да го каже својот став. Скопјани заслужуваат да знаат, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.