На Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.
Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема негативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.
Знам дека 85 отсто од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година – изјави Шилегов.
Алфа побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.
Ако сака нека си го слави тој на 25 декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите – кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.
МПЦ-ОА засега не размислува за менување на црковниот календар по примерот на други православни земји кои веќе ги сменија датумите на празниците.
Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.
Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25 декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.