Петре Шилегов не направи 4 години ништо за Скопје, затоа што беше зафатен со кревање на два ката дивоградба на зградата во Карпош и правење на хациендата во Маврово, одговара ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градската организација на СДСМ.

Шилегов можеби и ќе покажеше некаков квалитет, ако не беше зафатен на билдање на своето станбено портфолио. Можеби и ќе имаше проекти, ако Шилегов не местеше тендер од 300.000 евра за Варшавска. Некој проект можеби и ќе беше реализиран да не требаше да се плаќа 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала. Скопјани можеби и ќе имаа шанса да видат некој проект од Шилегов, ако не беше преокупиран со криминал и крадење.

СДСМ ја обвинува Данела Арсовска дека избегнува да одговори дали е точно дека менаџирала со спортската сала Расадник и не плаќала струја.

Арсовска потенцираше дека овие обвинувања од страна на СДСМ се поради страв од тоа што таа го објавила само еден час претходно, каде што најавила дека ќе следи ревизија на тоа каде се трошеле парите на скопјани изминатите четири години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.