Пред десетина минути на булеварот „Партизански одреди“, се случи тешка сообраќајна несреќа, по која интервенираше екипа од службата за Итна медицинска помош.
Според очевидци, автомобил и мотоцикл се инволвирани во инцидентот кој се случи во висина на трговскиот центар „Антико“ во населбата Карпош 4.
Засега нема информаци за околностите во кои се случила несреќата, ниту конкретно за тежината на повредните на настраданиот мотоциклист. Во моментов увид на местото на настанот врши екипа на сообраќајната полиција, а повеќе инфорамции се очекуваат по неговото завршување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.