Ниту еден пациент заболен од корона-вирус не беше сместен во изминативе два месеци во мобилната болница, која Армијата ја постави во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, а таа веќе се демонтира, јавува „Независен“.
Таа беше поставена кон крајот на март, со капацитет од 130 пациенти и беше поврзана со сув ходник со Инфективната клиника.
Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја посетија болницата на почетокот на април и сите изразија желба таа да не ни затреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.