Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ создале аквапоничен рециклирачки систем, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“, информираат од Општина Аеродром.
Учениците и нивните наставници ги презентираа сите составни делови на системот што се наоѓа во училиштето, како и нивната функција и намена. Имено, со овој систем се заштитува животната средина, се штеди водата и се произведува здрава органска храна“, велат од општината.
Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем поттикнал заинтересираност кај претприемачите – партнери на училиштето и ќе биде презентиран пред претставниците на малите и средните претпријатија. Училиштето, исто така, има во план да ја патентира оваа иновација на младите иноватори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.