Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожарената куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот. Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

-Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но
нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед, посочува министерката Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.