Во изминатиов период реализиравме голем број на проекти кои се значајни за вас мои сограѓани, но тука нема да застанеме, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Петровец, Борче Митевски.

Со реализација продолжуваме и во следниот мандат, јас заедно со моите советници овде во дворот на општина Петровец ќе изградиме нов современ Културен дом. Исто така ќе изградиме и нова општинска зграда. За потребите на учениците од населено место Огњанци ќе изградиме нова спортска сала, мислиме и за најмладите, најмилите, за дечињата од населеното место Ржаничино и од населеното место Долно Коњари ќе изградиме детски градинки, истакна Митевски.

Продолжуваме да инвестираме на сите полиња, продолжуваме да го подобруваме животот во нашата општина, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.