Градоначалникот на општина Петровец и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат, Борче Митевски, на лице место ја покажа најголемата индустриска зона во Република Македонија, нешто што беше негово ветување кое е реализирано.

Истовремено, Митевски најави дека во наредниот 4-годишен мандат, заедно со неговите советници ќе реализираат уште една индустриска зона.  Како што порача, со градење на индустриски зони, општина Петровец станува финансиски постабилна и економски посилна општина.

Митевски, во обраќање до граѓаните најави уште неколку крупни и важни проекти за општината.

Продолжуваме, не застануваме.

 

Се наоѓаме во населеното место Средно Коњари, поточно во спортската сала на училиштето „Братство и единство“ од Средно Коњари. Ова е уште едно мое реализирано ветување. Токму од оваа спортска сала ветуваме уште еден проект, уште една спортска сала за населеното место Огњанци, односно за училиштето Кочо Рацин во населеното место Огњанци ќе продолжиме и понатака да градиме спортски објекти за да имаме здрава млада и здрава иднина.

 

Продолжуваме, победуваме.

 

Се наоѓаме пред најубавото училиште во Република Македонија. Тоа е ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец Ова е најкрупниот проект што општина Петровец со сопствени средства го изгради. Токму поради ова ветуваме во наредниот мој 4 годишен мандат јас заедно со моите советници дека ќе извршиме темелна реконструкција на подрачното училиште „Кочо Рацин“ од Огњанци и ќе го прошириме за две нови училници. Исто така и за училиштето „Братство и единство“ од Долно Коњари ќе доградиме уште две нови училници и ќе извршиме темелна реконструкција. Правиме се да ги подобриме условите на нашите деца во образованието.

 

Продолжуваме, не застануваме. Победуваме.

 

Продолжуваме да ги поддржуваме сите спортски и културно уметнички друштва. Општина Петровец како до сега така и во иднина ќе ги реновира, ќе ги санира сите фудбалски терени да бидат како овој фудбалски стадион во Петровец кој ги има условите да се такмичи во втора лига.

 

Младината да ја насочиме на фудбалските терени, младината да ја тргнеме од улиците, да имаме здрава младина.

 

На 17 да излезете да го заокружите бројот 7 за градоначалник на општина Петровец и да го заокружите бројот 7 за советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ – порача Митевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.