Не беше така далеку е времето кога Заев ветуваше кадрови реформи, ветуваше нов начин на избор на функционерите, но како и секогаш делата го покажуваат неговото вистинско лице. Денес, лица со сомнително минато имаат максимална поддршка од Заев и се кандидати за градоначалници, посочува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Според неа во  јавноста постојат документи дека кандидатот на општина Аеродром, Александар Филиповски е осудуван во 2006 година за кривично дело тешка телесна повреда. За ова Заев молчи, нема одговор и вели дека не е запознаен.

За Заев и СДСМ ова е најдобрата понуда. Неспособноста, немањето идеи, немањето проекти кои што ќе значат дополнителен квалитет се најдоброто за нашите општини. Компромитирани кадри кои не го исполнија ветеното, избрани врз принципот на негативна селекција се стандарди за политичко дејствување карактеристични за СДСМ.

Почитувани граѓани, потребни ни се промени, проекти и победи. Време е да ја покажеме разликата, да одбереме нова иднина различна од оваа која до сега ни се нуди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.