Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник, смета ВМРО-ДПМНЕ. Тие денеска посочија дека негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи. Последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот.

-Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни. Другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра. Уште не e завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана. Скоро секоја втора плочка е оштетена, а нивната вредност не е ништо поразлична од претходните енормно високи цени на урбаната опрема – вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Митева во месеците пред избори Шилегов нема со што да ја побара повторно довербата од скопјани, па очигледно само му е важно да го раскопа и уништи Скопје, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет.

Но, ќе го вратиме сјајот на Скопје со многу работа и посветеност! Скопје и скопјани заслужуваат да се гордеат со својот град, а не да се срамат како овие четири години – додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.