Над 50 демонстранти со собраа пред цементарница „Усје“, поради како што рекоа, големиот загадувач на Скопје, не ги спречи дождот ниту пак студот за да го изразат својот револт кон оние кои секојдневно не трујат.

 Дојдовме тука да им се извиниме, дека ние загадуваме со цигарите, а не тие”, порачаа демонстрантите. Пред Цементара дојдоа и официјални лица од фабриката.

Протестот почна со минута молк за сите жртви на загадувањето

Не е проблемот во мазутот. Најголем проблем е во корупцијата. Политичарите се во корелација со олигарсите кои не трујат. Дојдовме денеска да им кажеме дека знаеме што прават, порачаа граѓаните.

Да ги потсетам политичарите дека децата имаат право на чист воздух. Загадувањето е еден од главните фактори за смртност кај децата. Загадувањето е кривично дело и треба да одговарат сите одговорни за тоа. Децата се почувствителни од возрасните на загадувањето, порача претседателот на „Меѓаши“,  Драги Змијанац.

Од цементарницата пак преку соопштение за јавноста порачаа дека „Усје“ не е причинител на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје.

Немаат логика какви било блокади на Цементарница УСЈЕ, затоа што сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град. Дополнително, неспорен аргумент е дека УСЈЕ ги имплементира сите домашни и европски регулативи од областа на заштитата на животната средина во индустријата. УСЈЕ ништо не крие и постојано е отворена за сите заинтересирани граѓани, активисти и невладини организации, затоа што веруваме во отворена, аргументирана и одговорна дебата, се вели во нивното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.