Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Средбата се одржа непосредно пред почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа во четири улици од населбата Серава на општина Чаир.
Со министерот разговаравме за тековните проекти, но и за оние што очекуваме да ги реализираме заедно со Министерството со кое тој раководи, а кои се многу витални за жителите на Чаир, рече Ганиу.
Тој истака дека го информирал министерот дека во рок од 3-4 месеци само во населбата Серава, каде што живеат над 20 илјади жители, ќе бидат инвестирани околу 1,3 милиони евра за одржување на подземната инфраструктура.
Исто така го посочив и фактот дека реконструкцијата ќе се реализира во етапи, така што ќе работиме на повеќе патишта, истовремено водејќи сметка да не го попречуваме слободното движење на граѓаните, додаде Ганиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.