Советот во Град Скопје и официјално го изгубија, со што поразот е констатиран, коментира Ивор Мицковски откако ВМРО-ДПМНЕ и Левица објавија дека постигнале договор за формирање мнозинство во Советот на Град Скопје.

Честитки, го вративте ВМРО и дури и да ви победи кандидатот ќе биде глинен гулаб, ама и легитимна мета за ревизија на работењето, особено за отсуството на тендери и за тајните спонзори.
Сега јасно е дека откако ја изгубивте душата се борите да го спасите барем лицето.
Ама наместо тоа и наместо навистина да го слушневте гласот на народот, вие влеговте во најниската националистичка, ксенофобна и антибугарска црна кампања, со која ги загрозувате нашите државни позиции и интереси заради вашите тесни лични и партиски интереси.
Така го изгубивте и лицето.
Што и да се случи во недела, оваа власт и Македонија веќе изгубија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.