Македонскиот огранок на „Петоци за иднината“ (Fridays for Future) заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска се приклучија на Глобалниот ден на климатска акција, организирајќи седечки (sit-in) протест во близина на Владата.
Македонскиот огранок на Fridays for future (Петоци за иднината) преку нивната Фејсбук страница објави дека Министерството за внатрешни работи (МВР) вршело притисок за откажување на денешните протести.
Како што тврдат оттаму, активисти на движењето во текот на вчерашниот ден биле повикани на разговор во полициската станица Беко, откако, повеќепати во текот на утрото, полициски службеници ги контактирале телефонски, обидувајќи се, како што велат, да ги наговорат да го презакажат протестот, кој се организира заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание, со објаснување дека денеска пред Владата ќе се случуваат протоколарни активности со странска делегација.
Тоа што се случувало, колумнистот Ивор Мицковски го преточи во фејсбук статус.
Пред протест на младите полицијата им правела притисоци, за време на протест им стоеле над глава. Посетата на Пахор не вие оправдување за вакво однесување, не кон младите и не како репресивен апарат на Влада која дојде преку народни протести на власт, напиша Ивор Мицковски на неговиот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.