Ивор Мицковски ја коментира состојбата во која е здравството, овојпат од призма на медицинскиот персонал, а испровоцирано од поскапувањето на паркингот за вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Македонија е еден голем паркинг кој бара да биде поскапен, за оваа успана нација да се разбуди.
Ве тепаат, работите ко скотови, мизерно сте платени, ама паркингот ја прелеа чашата, пишува Мицковски на Фејсбук.

Персоналот од Клинички центар денеска ја оствари својата закана и излезе на протест против одлуката на градските власти да ја зголемат цената на паркирањето за вработените во Клиничкиот центар.

На иницијатива на повеќе од 200 вработени на клиниките, а со поддршка на синдикалните организации за време на паузата, од 10 до 10.30 часот, на хелиодромот во клиничкиот комплекс се одржа протест против одлуката на Советот на Град Скопје за наплата на месечен билет за паркинг постор за вработените во центарот.

Како што соопшти вчера градоначалникот Патре Шилегов, цената за месечно паркирање за вработените од 350 се зголемува на 800 денари.

Вработените во скопскиот клинички центар истакнуваат дека освен што наплатата од 850 денади месечно за секој вработе ќе се одрази на буџетот на секој вработен во институцијата, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со својата изјава длабоко го повредил достинството на здравствените работници.

Навредени сме од изјавата на градоначалникот Шилегов дека вработените во Клиничкиот центар се одговорни за метежот и за тоа што пациентите не можат да пристапат до клиниките. Неприфатливо е за нас. Освен децидното неприфаќање на одлуката, ќе понудиме и предлози и здрави решенија во интерес на вработените, но и на пациентите – порачаа лекарите од денешниот протест.

Вработените во Клинички, исто така, предупредуваат дека од среда како нареден чекор ќе преземат блокирање на наплатните места за користење на паркиралиштето.

Паузата е време во коешто ќе покажеме дека нема повеќе да не’ цедите по џебот и да не навредувате како професионалци – додаваат вработените во скопски клинички центар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.